ЧЕШЕЛКОСКА ПРВА

Стрелаштво

Во стрелиштето од Центарот за култура ,,Марко Цепенков,, се одржа 34-тото издание на ,,Опен Македонија – 11 Октомври,,. На домаќинот, СК Херој Прилеп, се одзваа клубовите: Тумбе Кафе и РЕК (Битола), Лихнидос и Охрид (Охрид), Стрелец (Скопје), Кавадарци и Велес. Вкупно 36 стрелци се нишанеа во меѓународна програма, со пиштол и пушка. Со пиштол најпрецизна беше Маја Чешелкоска (Х. Прилеп), пред Јордан Тасевски (Стрелец) и Вероника Велковска (Стрелец). Со пушка победи Ана Ивановска (Тумбе Кафе), пред Јована Милеска (Охрид) и Анастасија Мојсовска (Стрелец). Најдобрата прилепчанка Ирина Јованоска (Х. Прилеп) го освои 6 место.

Учесниците се дезинфицираа и им беше мерена температура.

Loading