РЕЦЕПТИ ЗА ЗИМСКО МЕЗЕ ОД МОДРИ ПАТЛИЏАНИ

modarМодриот патлиџан во тегла за зимница има многу посебен вкус. Како и секој рецепт за зимница, и модриот патлиџан во саламура е задолжителен на нашето зимско мени.

1.Потребни се 3 кг. модри патлиџани, 1 литар вински оцет, 1 литар вода, 80 гр шеќер, 80 гр сол И црн пипер во зрно лук, магдонос и масло за теглите. Модриот патлиџан се сече на тркалца, се посолува и се остава да отстои 2-3 часа. Во тенџере се става 1 литар вински оцет, 1 литар вода, 80 г шеќер, 80 г сол и црн пипер во зрно, па се става на оган да зоврие.Модриот патлиџан се става во ова солило да се вари 5 минути. Со решеткаста лажица се вади и се реди во тегли. Меѓу модриот патлиџан се става сечкан лук и магдонос. Кога ќе се наполнат теглите се долева масло и се затвора добро со капак.

2.Околу 3,5 кг. модри патлиџани, 1,2 литар вода, 500 мл. оцет, 40 гр. + за посолување кога ќе се исечат, 40 гр шеќер и лук и магдонос и масло. Патлиџаните се лупат се сечат на тркалца, се посолуваат и се оставаат 5-6 часа. Потоа се процедуваат, па се ставаат 5-6 мин. да се варат во саламурата од вода, оцет, сол и шеќер. Се процедува, па се редат во тегли ред патлиџан, ред лук и магдонос и на крај се долева масло. Се затвора и се чува на ладно.

3. 1 кг. модар патлиџан, 4-5 чешниња лук, ½ китка магдонос,1 лажица сол, 2 лажици шеќер и 6 лажици оцет. Модрите патлиџани се сечат и се послолуваат,. По неколку часа се процедуваат и се пропржуваат. Топли се редат во тегли со зачините. На 1 кг. модар патлиџан, се додаваат 4-5 чешниња лук, 1/2 китка магдонос, 1 лажица сол, 2 лажици шеќер и 6 лажици оцет. Топло се затвора и се превртува да се вакумира.

Loading