Црвената леќа е исклучително корисна. Содржи 26 грама протеини на 100 грама. Во комбинација со друго жито, добива неверојатна способност, оти се собираат квалитетни аминокиселини. Енергетски дава 350 калории. Содржи квалитетни јаглехидрати – 60 гр. на 100 гр и неверојатни 30 гр. влакна се растворливи за намалување на холестеролот. Дел се нерастворливи за забавување на јаглехидратите и за помагање на празнењето на цревата.
Гликемискиот индекс е низок. Од грам масти, содржи поволни омега 3 и омега 6 масни киселини. Богата е со железо. Им се препорачува на жените кои спортуваат. Обилува со магнезиум и молибден. Од витамини е богата со фолна киселина. Овој вид леќа брзо се готви. Се вари кратко, за 10-15 минути, и брзо се распаѓа, ако се конзумира како пире.