Ослободувањето од мрзеливите црева сеправи со компотот од суви сливи и јаболко со додаток од уште неколку тајни состојки за големо олеснување. Сливите се одличен извор на витамин Ц, а сувите сливи имаат значително помалку калории. Богати се со растителни влакна кои ја регулираат дигестијата и стомачната подуеност, гасови и лошо варење. Влакната од сливите го штитат и кардиоваскуларниот систем, а витаминот Ц ја јакне имуниот систем. Во комбинација со јаболко, сувите сливи даваат еликсирза смирување на стомакот.
За компот од сливи и јаболка се потребни 100 гр. суви сливи без семки,
4 јаболка, 1 лимон, 1 лажичка цимет, 1 прстофат мускатно оревче, 5 лажици интегрален шеќер И 2 литри вода. Во голем сад се става вода се додава измиен лимон на тркалца, цимет, мускатно оревче и шеќер. Кога водата ќе проврие се додаваат јаболката, излупени и исечени на коцки. Потоа се додаваат и сливите и се вари околу 20 минути.
Компотот и овошјето се консумираат цел ден и се чува во фрижидер за да трае неколку денови.
![]()

