НАМЕСТО НА ТУТУН – НА ФУДБАЛ

Историја

Во лето Прилеп е пуст град. Особено во јуни. Безмалку сите се по нивите, на садење тутун. Така од пред изгрејсонце, па  довечер. Се чинеше дека за мечот од Републичката лига, Победа – Осогово, на 15 јуни 1986 година, трибините ќе бидат празни. Причина повеќе: играњето претпладне, во 10 часот, поради одлуката на ФСМ за почеток на сите мечеви истовремено, со оглед на тоа што е последното, одлучувачко коло. Известувачите проценија 7000 гледачи. Го оставија тутунот за да ја гледаат Победа, која победи со 4:0 и така стана југословенски второлигаш.

Награда за публиката беа головите на М. Конески, Тасевски и двата на Глигороски.

Loading