
Во Прилеп, Градот – херој, повеќе објекти претставуваат симболи. Меѓу нив се Марковите Кули, цркви и манастири, Градскиот Саат и Старата Чаршија, Участакот и други. Најкарактеристичен препознатлив знак на градот, како по својата архитектонска комлексност, така и по своето значење од минатото е ,,Паркот на Револуцијата,,. Монументалното здание е дело на познатиот архитект, Богдан Богдановиќ. Уредне и откриен е пред 59 години, на 11-ти Октомври 1961 година, по повод 20 годишнината од почетокот на Востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Посветен е на паднатите борци во НОВ од 1941-1945 година.
Во рамките на ,,Паркот,, подигната е ,,Алејата на Народните херои,,. Расположена е во природно подигната ниша со садници и цветни грмушки. На сиви мермерни постаменти, високи околу два метра, наредени во права линија. Поставени се бронзените спомен-бисти на десетте Народни херои од Прилеп и прилепско загинати во Народната револуција. Текстот на постаментите е краток и содржи: име и презиме. Кај некои и прекар, година на раѓање и смрт. Во ,,Алејата,, се спомен – бистите на Народни херои, Кире Гаврилоски – Јане (1918-1944), Иле Игески – Цветан (1920-1944), Орде Чопела (1912-1942), Борка Талески (1921-1942), Кузман Јосифоски-Питу (1915-1944), Мирче Ацев (1915-1943), Борка Велески – Левата (1912-1942), Рампо Левката (1909-1942), Лазо Филипоски – Лавски (1918-1942), Круме Волнароски (1909-1944).
Идната, 2021 година се одбележуваат 80 години од почетокот на Востанието на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор и 60 години од изградбата на ,,Паркот на Револуцијата,, со ,,Могилата на Непобедените,, и ,,Алејата на Народните херои,,. По тој повод и со оглед на фактот што Прилеп дал уште петмина Народни херои кои ја преживеале војната, да се комплетира ,,Алејата,, и со тоа да се оставри иницијативата на Сојузот на борците од Прилеп за подигнување на спомен – бисти на Народните херои кои починаа во слободарскиот период на Македонија, херои кои се бореле за нејзината слобода и дале огромен придонес за развојот и просперитетот. Тоа се Народните херои, Вера Ацева (1919-2006), Крсте Црвенкоски (1921-2001), Борко Темелкоски (1919-2001), Ѓоре Дамески (1922-1995) и Атанас Забазноски (1925-2013). Недвојбено, тие заслужуваат, гордо да ,,стојат,, покрај своите другари.
Рубин Белчески – историчар и директор на ЦК „Марко Цепенков“
ВЕРА АЦЕВА-ДОСТА
Во1919 г. е родена Народниот херој Вера Ацева-Доста во селото. Ореовец. Од 1940 до ноември 1941 г. била секретар на МК на прилепската партиска организација. За подготовките на востанието раководела со Воениот штаб на Прилеп, што го создаде Првиот партизански одред, чија акција од 11- ти Октомври 1941 е земена како ден на востанието во Македонија. Делегат е и член на Президиумот на АСНОМ. По ослободувањето зазема раководни партиски и државни функции. Одликувана е со Орденот на Народен херој во1953 година.
КРСТЕ ЦРВЕНКОСКИ
На 16.06.1921 г. во Прилеп е роден Народниот херој Крсте Црвенкоски (Јанко, Стево, Октомвриски). Носител е и на Партизанска споменица 1941 г. Еден е од организаторите за формирањето, излегувањето и првите акции на Првиот прилепски партизански одред ,,Гоце Делчев,, и е негов политички комесар. Учествувал во нападот на телефонските врски на 11 октомври 1941 г. Ја минал и епопејата на Февруарскиот поход. За Народен херој е прогласен во1953 година. Тој е врвен партиски и државен функционер на Македонија и на поранешна Југославија по ослободувањето. Во текот на 1974 година е отстранет од политичката сцена со идеолошката чистка на т.н. либерализам. Времето на политичкиот плурализам во Македонија за него беше враќање на во јавниот живот и негов политички, интелектуален, креативен и публицистички ангажман. Почина во 2001 година во Скопје.
БОРКО ТЕМЕЛКОСКИ-ЛИЛЈАКОТ
На 20.12.1919 г. во Прилеп е роден Народниот херој Борко Темелкоски – Лилјакот. Член бил на КПЈ од 1939 г. Во НОБ стапил во 1941 г. Во Скопје е вклучен во подготовките за формирање на ЦК КПМ. Во септември 1944 г. станува политички комесар на Главниот Штаб на Македонија. Носител е на Партизанска споменица 1941 г. Прогласен е за Народен херој во 1953 г. Бил на повеќе државни и партиски функции. Член е на ЦК СКЈ, член на Извршниот комитет на ЦК СКМ, сојузен народен пратеник, претседател на Соборот на производителите на Народното Собрание на НРМ. Смртта го затекна како претседател на Сојузот на борците на Македонија во 2001 г. во Скопје.
ЃОРЕ ДАМЕСКИ – БОКСЕРОТ
Во1922 г. во Прилеп е роден Народниот херој Ѓоре Дамески – Боксерот. Потекнувал од сиромашо семејство. Работел во Монополот. Се вклучил во работничкото движење и учествувал во штрајковите на тутунските работници. Член е на КПЈ од 1940 г., а во НОБ стапил во 1941 г. Бил ангажиран во подготовките за вооруженото востание со собирање на оружје. Апсен е и осудуван. Затворските денови ги поминувал во Битола, Скопје, Бургас и Перник. Во 1943 г. оди во партизанска единица како пушкомитралезец. Се истакнал во борбите со непријателот кај селото Подвис. Бил политички комесар на 50-та дивизија на НОВЈ. Во повоениот период се истакнал како стопанственик, раководејќи со Заедниците на поштите на Македонија. За Народен херој е прогласен во1953 г. Починал во 1995 година во Скопје.
АТАНАС ЗАБАЗНОСКИ-РУСКИ
Во1925 г. во Прилеп е роден Народниот херој Атанас Забазноски – Руски. Во првите денови на окупацијата учествувал во повеќе илегални акции за прибирање на оружје. Двапати е апсен, но добро се држел. Се приклучил на партизаните во 1943 г. До крајот на војната минале низ низа оружени судири со непријателот. Се покажал како мошне храбар борец. Покажал вонредно херојство на Сремскиот фронт. Како офицер на органите на безбедноста и по војната ја продолжил борбата против уривачитена темелите на новата држава. Вршел одговорни должности во секторот за внатрешни работи. За Народен херој е прогласен во 1951 година. Починал во 2013 година во Скопје.
![]()

