ДАДОА ТРИ ГОЛА, И – ЗАГУБИЈА!

Фудбал

Ретко се случува несреќа каква што доживеа Победа.  Прилепскиот второлигаш ги постигна сите три гола на гостувањето кај Кожуф во Гевгелија, но сепак – загуби! Прво сопствената мрежа ја затресоа Дебрешлиоски и Колевски, потоа домашниот голман го совлада Димоски, за 2:1 во полза на Кожуф. В недела, дома, е мечот со последното Осогово.

Загуби, првпате сенва, женскиот тим Деспина. Во Каменица домашната Саса победи благодарение на голот од пенал. Во наредното коло пак гостување, на досега непоразената Тиверија. Струмичанките имаат две нерешени и затоа се на 4 место. Деспина, покрај поразот, е прва со 18 бода, истоколку што имаат Саса и Скопје.

Loading