ПРЕМИЕРА НА „ДА НЕ Е ГАЛЕБ“?

Театар „Чин 4 – Сцена 5

Актерите ан театарот ,,Чин 4 – Сцена 5,, на 6 октомври, вторник од 20 часот, на сцената од ЦК ,,Марко Цепенков,, премиерно ќе ја прикажат претставата ,,Да не е галеб,,?, според ,,Галеб,, на Чехов и ,,Глупа заебана птица,, на Поснер. Режисер е Саша Нацевски.

Претставата е адаптација на големиот руски класик и е ,,разговор,, со самиот Чехов, еден вид на писмо кон него, за тоа како неговиот ,,Галеб,, лета и во 21 век, поставувајќи прашања за љубовта, за животот, за театарот, а во исто време ,,сере,, сé што е под него и нема никакви грижи за светот.

Играат: Илија Волчески, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, младите прилепчани Наталија Ристеска и Дарко Карбески, како и гостинката од Пробиштип, Стефанија Митовска.

Loading