ДА СЕ ВРАТИ ВЕРБАТА

Фудбал: Победа

Резултатите не се толку проблем, колку играта на Победа. По поразот од Саса во Каменица со 1:0, дома пак не се постигна гол, па прилепскиот тим изваде само 0:0 со Плачковица. В сабота е гостувањето во Гевгелија на шестиот Кожуф. За Победа е битно да ја врати самодовербата, додека уште е при врвот од табелата, трета, со 3 бода под водечките Тиквеш и Брегалница. Само амбициозна и борбена игра дава плод.

За Купот во средата во Скопје: Македонија ЃП – Победа (0:0 ) на пенали 5:4.

Loading