ОРЕВИ ЗА ОЗДРАВУВАЊЕ НА ПРОСТАТАТА

Orevi-za-ozdravuvawe-na-prostatata

Простатитисот е непријатна болести кај мажите. Најефикасниот народен лек се прави со оревите богати со витамин Е и цинкот. Оревите содржат и други корисни материи. Заедно со медот, делуваат како машка бомба. Излупените ореви многу брзо ги губат својствата. Маслата испаруваат и се распаѓаат микроелементите. Медот ги балсамира лупените ореви и ги чувува својствата, дури и ги подобрува поради сопствената заситеност со витамини.

За ореви со мед, односот се прилагодува соред потребите. За една чаша мед (200 мл) потребни се 10-12 цели јатки ореви. Се подготвуваат на два начина или само се ставаат целите јатки во медот или се мелат или се сечкаат. При мелењето/сечкањето се ослободуваат маслата кои подобро се соединуваат со медот. Подобро е оревите прво да се истурат во тегла, а потоа да се прелијат со мед. Оревите се полесни од медот и за неколку часа ќе испливаат на површината. Пред употребата се мешаат да се добие хомогена маса.

Комбинацијата од ореви и мед е прилично калорична. Затоа не се претерува во количествата. Да внимаваат луѓето со висок холестерол во крвта, бидејќи оревите содржат масти. Мешавината е најдобро да се зема наутро по 1-3 лажици. Може да направите вкусен и хранлив појадок. На 200 гр. несолена урда се додаваат 2 лажици кисела павлака и се додаваат три лажици сечкани ореви и мед. Комбинацијата е многу добра да се консумира наутро.

За пред спиење, потребно е да се подготват цревата за утрината со 50 гр. од мешавината.

Подготвената смеса стои еден месец на собна температура. Не се чува во фрижидер. Само теглата  да не биде изложена на сонце.

Loading