ЛЕН ПРОТИВ ВКОЧАНЕТИ ПРСТИ

lenЗа вкочанувањето на прстите на рацете и нозете и главоболки е знак за васкуларни здравствени проблеми. Еве еден домашен лек. Потребни се 1/3 чаша (од 200 мл) ленено семе и литар вода. Се приготвува одвечер. Третина обична чаша со ленено семе и се прелива со литар вода. Се остава да зоврие. После се вари на најниска температура 2 часа. Се остава поклопено да се лади цела ноќ. Се цеди содржината следното утро. Се добива 850 мл, течност која е лигава, како желе. Не изгледа добро, но оваа желатинеста материја нема ниту мирис, ниту вкус.

Волуменот е соодветен за 5 дена. Неопходно е да се зема на празен стомак двапати, наутро и навечер по третина чаша.

За максимален ефект, пожелно е да се конзумира 15 дена. Потоа  се прави пауза 3 месеци. Доколку е потребно, се повторува третманот. Лекот е евтин и лесен за подготовка.

На овој начин секој може да ги подобри крвните садови и да го прочисти организмот. Резултатите се чувствуваат преку подобрена кожа и косата се враќа во некогашниот сјај.

Loading