ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ДЛУП

Дела на уметниците – членови на ДЛУП вечерва од 20 часот ќе биде отворена во ликовната галерија на ЦК ,,Марко Цепенков,,. Одржувајќи го континуитетот на неуморна ликовна креација, членовите ќе го промовираат најновото сопствено творештво.

– Не згаснува страста за уметност. Живее во срцата на уметниците. И во оваа ситуација, секој уметник докажува како на свој начин, преку своето дело и уметничка креација, го поминува тешкиот период. Членовите се претставуваат со творештво во различни техники. Важно е да се одржува духот на човекот. Неопходно е да се присетиме на убавите моменти за потхранување на духовниот порив и полесно надминување на овој период. Еден од тие начини е уметноста, создадена  на прилепските уметници.  Во тишината на сликите се слушаат илјада зборови, раскажувајќи убави приказни за делата и за уметниците – вели Методи Исков, претседател на ДЛУП.

Loading