ХОРОТ КУД „ПЕРЕ ТОШЕВ“ БЛЕСНА НА ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ

hor koncert

Нашето КУД ,,Пере Тошев,, учествуваше на традиционалните Охридски староградски средби на отворено пред ЦК во Охрид, според протколи за заштита од корона вирусот. Членовите блеснаа во полн сјај, презентирајќи староградски песни што ги негуваат со години и ја одржуваат традицијата.

И со пандемијата, хорот продолжува да го негува богатиот традиционален мелос, придржувајќи се кон правилата за заштита. Членството се надева дека оваа состојба ќе заврши брзо и ќе се вратат по патот на нормалната работа со хорот.

Loading