Прилеп
Од утре до недела, Прилеп ќе биде дел од најголемиот светски настан за женското здравје Race for the cure. Трката и прошетката ќе се одвива три дена, а главниот настан е на 27 септември. Станува збор за помош на организациите за рак на дојка во Европа, за обезбедување средства и за подигнување на јавната свест.
Градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на асоцијацијата ,,БОРКА – За секој нов ден,,, Биба Додева ги договорија деталите за вклучувањето на Прилеп.
Првпат, трката ќе се одржи во 14 градови, меѓу кои и во Прилеп.