ВИТАМИНКА ЗАПОЧНА СО ИЗВОЗ ВО ЈАПОНИЈА

Витаминка го реализира првиот директен извоз во Јапонија. Пласманот на производите на јапонскиот пазар следи по деталното истражување на локалните пазарни специфики, присутната конкуренцијата и прехранбените навики и многубројните остварени средби со партнери од Јапонија, ширум саемите во светот, реализирани пред корона кризата.

Моментално Витаминка има континуиран извоз во повеќе од 30 земји, а со вклучување на  јапонски пазар, кој е исклучително софистициран и пребирлив. Реализацијата на странските пазари го продолжува трендот на зголемување и кон најдалечните дестинации.

-Извезуваме во многу земји, со различни културни и прехранбени навики и различна структура на малопродажната индустрија од аспект на концентрација и формати. Извозот во Јапонија е посебно значаен, затоа што се издвојува со својот обем, високите квалитативни стандарди и многу различни и специфични нутритивни навики до кои успеавме да ги доближиме нашите производи. Продорот е резултат, пред сé, на квалитетот на нашите производи и извозната стратегија што се развива континуирано и што дава позитивни резултати. Го испорачавме првиот контејнер на карамел бисквит, со наш оригинален бренд, но со адаптации на јапонските стандарди. Подготовуваме нови артикли за тој пазар. Задоволството од довербата што ни ја даваат партнерите од далечната дестинација во вакви кризни времиња е непроценлива сатисфакција за Витаминка” – вели Љупчо Велески,директор на Сектор извоз во Витаминка.

Извозот на Витаминка во Јапонија е поздравен и од Амбасадата на Јапонија во Македонија со желби за долгорочна соработка и наклонетост на тамошните потрошувачи.

Loading