Се одигра само првото коло, а и тоа е доволно да се насети најсериозниот кандидат за титулата. Тој е Младост 96, кој со убедливи 4:1 го совлада Младост. За Младост поенот го зеде Јочкоски, а за победата на Младост 96 придонесоа: кривопаланчанецот Станојковски со две, штипјанецот Костовски и Лашкоски со по една добиена партија. Клубот Младост 96 се пријави за настап на европска сцена.
Следните две кола од Супер лигата се играат в недела.