ЗА ЗАШТИТА ВО КОМФИ АНГЕЛ
Поради сериозноста на ситуацијата со Ковид 19 и опуштениот став на населението како пандемијата да е веќе минато, компанијата Комфи ангел воведе нови мерки, правила и принципи на однесување на вработените. Таканаречените ,,Ковид маршали,, ќе надгледуваат дали вработените ги почитуваат мерките за заштита. Се лимитира присуството на вработени во кантината додека се послужува храната. Задолжително е правилно носење на заштитните маски со покривање на носот и устата во цело работно време. За паузата не е дозволен собир во група на повеќе од 5 работници. Задолжително е држењето на соодветно растојание, а за непочитувањето на правилата ќе има строги дисциплински мерки за сите вработени.
– Среќни сме со сигурноста. Дозволете среќата да ја зачуваме. Останете здрави поради вас, вашето семејство, вашата компанија – вели Ирена Јакимовска, управителот на Комфи Ангел.
Платите од овој месец се повисоки, а дел од вработените добија 13-та плата, а 125 работници и регрес за одмор.