НАПРЕДОК ГЛЕДА КОН ВТОРАТА ЛИГА

Фудбал: Трета лига

Меѓу најдобро организираните клубови е Напредок од Крушеани. Функционира како градски клуб, играјќи ги домашните натпревари на стадионот кај Могилата. Управата, предводена од Славе Ѓоргоски, ги задржа сите првотимци. Доведе шестмина, Христијан Тодоровски од ФК Питу Гули, Бобан Крстески од Победа Ивањевци (двајцата некогашни играчи на прилепска Победа), Давид Царулески, Христијан Куковски, Бојан Мицески, Благојче Ристески (младинци од Победа). Тренерот Тони Наумовски најавува влез во Втората лига – Исток.

Лигата почнува на 27 септември. Дотогаш се пријателските мечеви.

Loading