НАГРАДАТА ,,АНТЕВО ПЕРО,, ЗА СТИХОЗБИРКАТА ,,ПОТПИС: ТРЕПЕТЛИКА,,,

ana stojanoskaЗА АНА СТОЈАНОСКА

Комисијата за доделување на наградата ,,Антево перо,, пред финалното разгледување на ракописите во конкуренција за наградата ја додели наградата на авторот на стихозбирката ,,Потпис: трепетлика,, од нашата сограѓ”анка, професор, доктор Ана Стојаноска.

 Во образложението стои: ,,Боли ако тргнеш да го спојуваш светот со разумот,, Ова го вели во една песна Стојаноска. Со тој стих како да ја опишува својата поетика, а таа е поезија на избегнување на болката од и пред скршениот свет. Болката од неповрзаноста, скршеноста, несовршеноста на светот може да се избегне само со поезија. Поезијата е тој амалгам кој од космосот, оштетен (никогаш не бил целосен, секогаш бил ,,тоталитет 99,, прави ,,тоталитет 100,,. Ова е првокласна интелектуално-интимистичка поезија која му инјектира смисла на исцицаниот свет, особено на светот на љубовните треперења и конвулзии кај еден хомо интелектус кој, уморен од обопштувањата на поимите се враќа кон најконкретното – своите сетила и емоции. Во потрагата по смислата во обесмислениот свет и по конкретноста на поетската перцецпија, поезијата на Стојаноска потсетува на топлото писмо на Анте Поповски, по трепетликата, ,,потписот,, на тој човек што трепери пред скршениот свет, на Гане Тодоровски. Вистинска симфонија од чувства, светлински и колоритни перцепции, еден богат, женски поетски свет озвучен со најубавиот поетски идиом на нашиот македонски јазик. Тоа е поезијата на Ана Стојаноска.

Loading