ЛАЗАРОПОЛЕ ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА БИСТРА

lazaropole-selo

Лазарополе е второ по големина село во малореканскиот предел. Едно е од највисоките места во овој крај. Сместено е среде питомата природа на висорамнината на Бистра. Тоа е родно место на вешти резбари, зографи и ѕидари-градители, заминати на печалба во странство. Единствено е каде расте лазарополската дива роза. Познато е и по тоа што паѓа и најголемо количество дожд. Пределот е одличен за планински велосипедизам, јавање коњи, параглајдерство и едноставно уживање во природата и уникатната архитектура. За способните и храбрите, се нуди можност за посета на познатата пештера Калина Дупка. Потребно е внимателно искачување. Во внатрешноста се влегува со опрема и придружба.

Најубав период зао посета на Лазарополе е во доцна пролет. Боите на природата полнат душевен мир. Мирисите на билките што растат повикуваат на прошетка низ околните шуми или по висорамнината што води кон планинските висини на Бистра. Летата се свежи, а зимите се благи. Видикот е секогаш волшебен. Затоа во неможно е да се згреши периодот за посета.

Заради поволните услови се развило и сточарството, овчарството, познато по сирењето и кашкавалот. Во а близина се селата Росоки, Сушица, Галичник, Селце, Тресонче, Гари… Климата е континентална, со повремени медитерански влијанијаЛетата се пријатни и свежи, а зимите благи. Богато е со флора и фауна.

Населението е познато по љубовта и дарбата за песна и оро. Биле ценети како ненадминливи во ороводството. Тука е колевката на познатото оро Тешкото, кое е нанадминато по убавината и тежината во играњето. Фолклорните групи секогаш добивале значајни признанија во речиси сите манифестации. Значајно е учеството на фолклорната група Ланголен, што се смета за највисок дострел. Велат, ако видите некој млад човек како лесно и ритмично потскокнува на македонско оро, тој е од Мијачкиот крај.

Жителите се нераскинливо поврзани со христијанско православната вера. Сведок е селската црква Свети Ѓорѓија, градена во 1841 година. Посебни заслуга имал Ѓурчин Кокале.

Лазарополци, како и сите Македонци во минатото, заминувале на печалба. Кога и да се врателе од туѓина, тоа било празник во домот на домаќинот кој го славеле сите членови на семејството со голема радост и веселба. Младите жители ја ценеле уметноста. Биле посветени на играњето ора. Се собирале и ја полнеле душата со песна и радост.

Лазарополе

Да се почувствува историјата и убавината, треба да се ужива во глетката, во чистиот воздух, во домашно подготвената храна, во пријатниот амбиент. Природата повикува да се доживее совршенството. Со чувството на првиот контакт, никнува желбата за постојано враќање. Само  така се создаваат нови спомени кои секогаш ќе о врежуваат во сеќавањата.

Моливче во пелените

Лазарополе  никогаш немало мака со водоснабдувањето. Изобилува со вода од повеќето чешми. Познатата Горна Чешма е поврзана со свадбениот обичај, младата како девојка, а потоа и како невеста, да се носи да налее вода во придружба на свадбари со зурли и тапани.

Интересен обичај е кога ќе се роди бебе. Во пелените се ставало моливче со желба тоа да биде умно и учено. Тоа ја отсликува посветеноста на лазарополци за образованието и науката.

Калина Дупка

Името на Лазарополе се поврзува со легендата кога селаните од Главино Село, бегајќи од Турците, се сокриле во пештерата Калина Дупка. Ги издала ,,лудата Калина,, па Турците ги загушиле со чад од запалениот оган. Само некој Лазар се спасил. Излегол од другата страна во полето каде го основал новото село. По неговото име настанало селото Лазарополе.

Карактеристично е што е изградена првата црква во малореканскиот крај во османлиската окупација. Црквата Св. Ѓорѓија била осветена во 1841 година. Ентериерот е првото самостојно дело на прочуениот Дичо Зограф.

Loading