Се промовира книгата,,Односите со јавноста, социјалните медиуми и јавното мислење,, која е дел од магистерскиот труд насловена од Каролина Мицевска. Таа ги изнесува ставовите од истражувањето за трите области.
Според проф. д-р Андон Мајхошев, од Универзитетот ,,Гоце Делчев,, во Штип, книгата, заради актуелноста, е доста значајна. Таа е ретко истражување во земјата и одлично четиво, особено за лицата кои се занимаваат со односите со јавноста и го истражуваат јавното мислење.
Според м-р Светлана Попова, книгата е одличен ракопис, лесно приемлив, разбирлив и корисен во праксата.
Ова е прва книга на Каролина Мицевска која три децении, преку новинарството, го креира јавното мислење во градов.