ХИГИЕНСКИ И ЗАШТИТНИ СРЕДСТВА ЗА УЧИЛИШТАТА, ГРАДИНКИТЕ И РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ

Општината Прилеп со Коалиција СЕГА, обезбедија од амбасадата на Кралството Норвешка донација од 22.780 евра за хигиенски производи, средства за дезинфекција, маски, безконтактни термометри, диспанзери за дезинфекција на рацете и печатен едукативен материјал.

– Средствата се дистрибуирани во сите основни и средни училишта, во детските градинки и домот за стари лица. Ќе се поделат и во центрите за лица со попреченост и во населбата Тризла, за корисниците на гарантирана минимална помош. Донацијата стигнува во вистински раце и во вистинско време, пред почетокот на учебната година”а – рече градоначалникот Илија Јованоски.

Според извршниот директор на Коалицијата СЕГА, Зоран Илиески, донацијата содржи 660 пакувања од средства за дезинфекција на раце, заштитни маски, од кои 10.000 за ромската популација, а 5.000 во училиштата, потоа 4.400 пакувања антибактериски течен сапун, како и по 4 безконтактни термометри за секоја институција.

Идната недела ќе се дистрибуираат средствата за дезинфекција и заштитни маски кај ромското население во Тризла 2. Ќе делуваме и со постери за подобрување на информираноста за заштитните мерки и превенцијата од коронавирусот – рече Илиески.

Loading