ЕДНА ШАНСА, НИЕДЕН БОД

Фудбал: Победа

Некогаш долго се цитираше тренерот од лондонски Тотенхем пред гостувањето на Хајдук во 1984 година, а по новинарското прашање: Како ќе играте во Сплит? -Во напад! Како поинаку ќе дадеме гол? – одговори тренерот.

Минатата недела Победа со одбранбена игра се обиде во Каменица да земе бод со Саса. Не успеа. Само една шанса во 92 минута, дури по примениот гол, доведе до пораз од 1:0. Екипата дома е агресивна, а на гости пасивна. Грешките се за учење.

Распоредот, сепак, оди во прилог. В сабота е меч пак на Могила, со последната Плачковица.

За Куп ќе се игра на 23 септември, дома со прволигашот Македонија ЃП.

Шест меча – шест победи на Деспина

Билансот на Деспина во Првата женска лига е шест меча – шест победи. Прилепскиот тим ги оправдува амбициите за титулата. Последен настрада битолскиот Атлетико со 11:0. Во вкупната гол-разлика сега е 57:3. На табелата Деспина е прва, бидејќи Саса загуби од Тиверија, која се искачи на 2 место.

Следниот меч е по две недели со Саса во Каменица.

Loading