„БЕКЕТ, ДЕКОНСТРУКЦИЈАТА И ПРЕВОДОТ“

lidija mitoska gjorgijovskaКнига од Лидија Митоска – Ѓорѓиевска

Книгата од Лидија Митоска – Ѓорѓиевска ,,Бекет, деконструкцијата и преводот,, е плод на истражувањата во преведувањето и проблемите кои се однесуваат на литературниот превод, односно преведувањето на драмски текстови, врз примери на текстови од Семјуел Бекет.

Според д-р Зоран Анчевски, авторката укажува дека деконструкцијата не е теорија на преведувањето, туку стратегија на читањето.

-Авторката отвора нова перспектива кон преведувачката практика. Бара од преведувачот не само високи јазички познавања, туку и осет за повеќезначноста на зборовите, за културните разлики и воопшто во контекстот во кој настанало едно книжевно дело. Свеста на преведувачот за ,,играта на значењата,, во еден текст, му дава можности за поголема креативност во процесот на преведувањето и, иако преведувачот не може да дозволи интерпретативни игри без граници, сепак може да му даде на текстот во превод далеку поголема комплексност и, следствено, поголема уметничка вредност – посочува Анчевски.

Митоска – Ѓорѓиевска е драматург, преведувач и драмски автор. Дипломирала на ФЛУ во Скопје. Магистрирала на катедрата Наука за книжевности. Во 2009 и 2010 година спроведува научно истражување во преведувањето на драмски текстови на Универзитетот во Рим. Од 2006 година работи како преведувач. Од 2014 година е драматург во театарот ,,Војдан Чернодрински,,.

Loading