АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Времето е пари, ама зависи во која банка се.

X

Рацете горе! Парите доле!

x

Направете вирусот да се крие од нас, а не ние од него.

X

Не ја поднесува вистината, а се претставува како борец за неа.

X

Храни куче да го каса комшијата.

X

Од мрза куќа не бидува, туку се разнебитува.

X

Лесно е кога јас велам бело, а ти црно, ама секој околу нас кажува своја боја.

Др Хаџи Васков

Loading