ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА ДЕЦА „СИЛЈАН ШТРКОТ“

Од 11 до 13 септември

Вториот театарски фестивал за деца “Силјан Штркот,, ќе се одржува од вечерва до недела на летната сцена на ЦК ,,Марко Цепенков,, со три претстави секој ден. Првиот ден  настапува Театарот Арт Медиа од Скопје со претставата ,,Кралица на музиката,,. В сабота, Театарот на сенки и облаци од Скопје ќе ја изведе ,,Алиса во земјата на чудата,,. Фестивалот се затвора со Видливост од Струмица и претставата ,,Дружината на Лајко Сезнајко,,.

– Предизвик е во време на пандемија да се соберат уметници, кои се спремни да ја одржуваат културата и да не ја остават на апарати. Тоа е успех и надеж дека културата и уметноста може да живеат. Продолжуваме да градиме мостови на соработка и партнерства, одржуваме позитивен дух кај децата и на возрасните и сите да се смееме заедно. Така може да се излезе со позитивна мисла од ситуацијата. Поради пандемијата билетите се ограничени. Посетителите ќе се придржуваат до препораките за заштита на здравјето, носење на маски и држење на растојание – велат организаторите.

Loading