СТРУЈА ОД ПРОВЕВ ДОМА

Зоран Тодороски – Ѕнда, иноватор

-Физичките законитости во практична машина

CIMG3088

 

Не мирува фантазира, истражува, иновира и сонува да се искачи во вселената. Тоа е Зоран Тодороски (38), познат по прекарот Ѕнда. Додека сонот да му стане јаве, предвизик му се некои апликации за широка употреба и иновации кои би биле евтини и корисни, практични за луѓето. Се замимава со електроника, сервис на компјутери, но последнава деценија го предизвикува иноваторството, бидејќи многу инвентивни идеи му шетаат низ главата. Неодамна е добитник на втора награда на Интернационалниот натпревар на иноватори.

-Ориентиран сум на револуционерна ветерна турбина, хибридна, бидејќи на едниот дел има и фотоволтаичен панел за производство на струја кој ќе ја подобри ефикасноста на системот. Турбината е заснована на принципот ,,вентури ефект,,, познат научен принцип во физиката. Тој е феномен во природата кога протекот на воздух минува од садови со поголем пречник и се стеснува во садови со помал обем, со што се зголемува брзината за сметка на притисокот. И досега се користат ветерни турбини кои побаруваат ветер со голема брзина. Овде суштината е да функционира со минимален провев на воздух, односно со многу помала брзина. Со тоа се намалуваат димензиите на турбината и трошоците производство, за инсталација и одржување. Практично производот е лесен, евтин и достапен за домаќинствата. Накусо, да може секој да го има во експлоатација и како модуларен мобилен, што значи да се проширува и да се пренесува. Ветерната енерија се претвора во електрична и се користи дома – објаснува Тодороски. За да се произведе струја потребно е да се располага со динамо, генератор, алтернатор.

119060487 326925871867015 2888393070243924752 n

-Овој уред се движи со ветер, со некаков пречник на пропелерот односно на перките. Доколку се забрза ветерот може да се зголеми вртењето на перките, а со тоа и производството на енергија. Тоа ја намалува цената на уредот. Или со помала брзина на ветерот се постигнуваат поголеми ефекти, што не се случува со класичните ветерници. Иновацијата практично е една метална коцка со четири инки. Со четирите страни е неподвижна за да се користи ветерот од сите страни. Затоа е евтина и не бара големо одржување. Секој може да ја има и да ја смести во дворот, на покривот, на терасата. Добредојдена за викенд куќи отсечени од електричната мрежа. Може да се користи на недостапни места и скапи да носи електрична енергија. Како на пример за предаватели, метеоролошки станици…. Коцката е димензионирана метар, на метар на метар. Горниот дел капакот е фотоволтаик за да се искористи светлосната енергија. Оваа компактна целина, четирите инки го насочуваат воздухот кон пропелерот, го забрзуваат воздухот и го вртат пропелерот, а тој го активира генераторот и произведува права струја. Оваа димензија и соодветниот генератор може да произведат околу 500 вати до еден киловатчас или за 24 саати, 24 квч, кои се складираат во акумулатори. Потоа со конвертор се претвораат од права во неизменична струја од 220 волти. Со помал пропелер се произведува поголемо количество електрична енергија, бидејќи воздухот се насочува низ тунел  и природно се забрзува. Замислата е да биде модуларна, односно да се додава повеќе модули за да се зголеми продукцијата на струја. Главно материјалот е железо. Тој е евтин, електронските компоненти не се скапи. Не е карбон, не е фибер, што го први системот евтин, а функционален. Издржлив е на надворешни влијанија И лесно може да се транспортира со семеен автомобил на било кое место. Со просечен провев од 4 км на час се постигнуваат од 500 вати до 1 кв час. Или ако ветерот е посилен, продукцијата на струја ќе биде поголема. Повеќето струја се акумулира во акумулаторите – вели Тодороски.

119051916 626080441431441 262063928941298314 n

Оваа направа би чинела максимум 500 евра во сериско производство. На горниот дел на системот може да се инсталира фотоволтаик. Затоа е хибриден. Произведува струја и од ветер и од сонце, односно зелена енергија, од обновливи извори.

– Очекуваме да биде поддржано од Државниот фонд за иновации. Проектот е влезен во втората селекција. И ако се помине и тој дел, може брзо да се влезе во сериска продукција и да излезе на пазарот. Засега во земјава не може да се произведува струја која би се продавала на државата и би ја преземала локалната дисѕтибуција, односно е можно, но цената е една десеттина од сегашната цена на струјата. Затоа е неисплатливо и тука би било пожелно да се направат законски корекции, дури и да се субвенционира и продукцијата и набавката на овие уреди – вели Тодороски.

Ако не биде поддржан од домашниот инвестициски фонд, ќе го понуди на интернационален односно на европски фонд О2. Ова ќе има предност во борбата против користењето на фосилните горива.

Во Македонија смета дека во последно време, ако порано беше потешко, имаше незначителна поддршка, сега со фондот за иновации има и средства за подготовка на проектот и иноваторите може идеите да ги доведат до практиката. Тој е електротехничар, работи во приватниот сектор.

119095178 677878309490310 1046538513017488611 n

– Инаку, автор сум на М1 проектот награден од Интернационалната федерациај на иноватори. Станува збор за апарат за лица со оштетен слух да можат да комуницираат преку мобилен телефон, да слушаат музика. Проектот е патентиран, награден и оставен. Се чека инвеститор. Принципот на работа е револуционерен. Се заснова на функционалноста на нервите на слушните орган и преку кожата сигналите се вбризгуваат во мозокот – нагласува Тодороски.

Работи на мобилна ЦНЦ машина, која може да се однесе на лице место каде е потребно, на фасада или на надгробна плоча, да се монтира со вакум и да се интервенира што е потребно и после да се впише натпис, слика во плитка резба. Иновацијата би била многу практична за каменоресците и за монтажерите на камени и мермерни фасади.

Развива инерцијален мотор за вселенски станици за безводушни простори без да се користи гориво. Би работел на принципот на инерција и ако го прифатат би одел на тестирање заедно со моторот во вселената со што би му се исполнил сонот.

Во размисла е за иновација на  воена чизма за разладување.

Од иноваторството не може да се живее и работи како сервисер. На иновативните идеи работи тогаш кога е послободен. 

Loading