СЕ ПОДАРУВА ТУТУН ОД НИВА

tutun 2И страковите тутун дојдоа да бидат во огласите на социјалните мрежи. Се почесто се продава тутун на нива. Некои дури и го подаруваат. Само кој сака да дојде и го бере тутунот. Причина е што стопаните, не стигнуваат да го оберат. Го има во атарот на селата Долнени, Беровци… Тутунот е втора рака. Берена била само прва. Не е изгорен, ниту расипан. Го продават, оти не можеле да го стасаат, а не од мана. Се нуди тутун по два, три, пет декари. Врнежите го вивнаа до небо. Страковите достигнаа над метар иполовина. Не се стигнува, оти нема берачи. Работна рака нема ниту за лек. Се плаќа дури 180 денари за саат.

Стари велат: Што време иди, тоа се јаде!. Дојде време тутун во берба да се продава и подарува! Некогаш се бараше како алва. Секој лист беше важен. Народот не беше вработен во странските компании, ниту пак заминат во странство! Или пак луѓето полакомеа за килограм повеќе тутун, без да ја проценат силата. Око човечко не наситно!

Loading