ПРВИН НОВИ ЦЕФКИ ЗА ВОДА, ПА ГРАНИТНИ ПЛОЧКИ

els 0626-630x420

Пред поплочувањето со гранитни плочки на булеварот ,,Гоце Делчев,,  ЈП Водовод и канализација заменува со нови полиетиленски цефки  дел од 65 години старата водоводна мрежа со азбестно бетонски цефки. Станува збор за 280 метри од Градската кафеана до ЦК ,,Марко Цепенков,,, Инвестицијата е на ЈП во висина од околу шест милиони денари.

-Пред комплетното поплочување и реконструкција на булеварот ,,Гоце Делчев,, ќе се реконструира водоводна линија со цевки Ф-315. Старата е градена во 1955 година. Ќе се реконструира и линијата од улицата ,,Ленин,, до раскрсницата на булеварот ,,Гоце Делчев,, со улицата ,,Кузман Јосифоски,-Питу,, – вели директорот на ЈП В и К, Емил Јанески.

Ќе се изгради и нова секундарна линија Ф-110, да се прифатат приклучоците и да не се врзуваат на главната водоводна линија. Тоа е техничко решение по европските стандарди.

Инаку, ЈП В и К реконструира водоводни линии на улиците ,,Крушевска,, и ,,Драган Талески,,. Се работи во индустриската зона Металец.

Loading