ПРИЛЕПСКО ДЕРБИ

Пинг-понг

По шестмесечна пауза викендов продолжуваат пингпонгарските мечеви. Бидејќи минатата сезона се прекинаа, одново почнува нова сезона во Супер лигата за мажи, каде се кандидати за титулата, прилепските Младост и Младост 96. За двата ривала нема време за загревање и темпирање на формата поради ждрепката. Двата лути противници ќе се сретнат во 1 коло. Кој ќе победи? Одговорот никој не го знае, затоа што ќе одлучуваат ,,нијанси,,. Победникот ќе се смета за фаворит за освојување на титулата, која многу години се очекува да се врати во Прилеп.

Двојки за 1 коло: Младост 96 – Младост, Телеком – Работнички, Шампион ФА – Вардар, Телеком – Струга, Крива Паланка – Радовиш.

Loading