„ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА, СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ И ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ“

Прва книга од Каролина Мицевска

,,Односите со јавноста, социјалните медиуми и јавното мислење,, е првата стручна книга од новинарот Каролина Мицевска. Книгата ќе биде одлично четиво, бидејќи односите со јавноста се многу планиран процес за влијание врз јавното мислење, односно врз заемно задоволителна двонасочна комуникација.

-Односите со јавноста придонесуваат да се проектира, да се креира имиџот на една институција или пак на една личност пред јавноста. Двонасочен процес е во кој пораката се пренесува до публиката, но мора да постои и повратен процес, пред сé, заради практичноста. Со години голем замав на интернет комуникацијата заедно со социјалните медиум кои се збир од многубројни канали за комуникација, интеракција меѓу повеќе луѓе кои, пак, можат да споделуваат најразлични содржини и во исто време да соработуваат. Онлајн-комуникацијата преку социјалните медиуми го креира јавното мислење и придонесува за покренување на одредени активности кај граѓаните за најразлични прашања. Социјалните медиуми се користат во односите со јавноста од страна на практичарите. Ова беше главната причина за книгата, која е резултат на одбранетиот магистерски труд. Односите со јавноста и социјалните медиуми имаат големо влијание врз јавното мислење, кое клучно за креирање на ставови – вели Мицевска, која 30 години преку новинарството го креира јавното мислење во градот, а е соработник на повеќе моногрфии и има реализирано десетина изложби на фотогафии.

Loading