КОНЦЕРТ НА ВИОЛИНИСТКАТА СОФИЈА НИКОСКА

sofija nikoskaНа 17 септември од 19 часот во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,, концерт на композиции од Бах ќе одржи виолинистката Софија Никоска.

Нашата виолинистка Никоска музичкото образование го почна во родниот град. Средното музичко учулиште заврши во Скопје. На 15 годишна возраст стана најмладиот бруцош на ФМУ во Скопје, каде дипломира со највисока оценка. Потоа ги заврши и магистерските студии. Понатамошно усовршување го продолжи на Кралската школа во Мадрид, каде шест години студираше кај проф. Захар Брон. Како стипендист на фондацијата “Албениз”, успешно настапуваше низ Шпанија и како солистички и како дел од камерни состави. Учесник и добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Посетувала семинари и мастер-часови кај светски признаени уметници. Реализира рецитали и настапи со оркестар во Македонија и во странство. Предава виолина на Музичка академија на универзитетот во Штип.

Loading