КАМЕНИ МАГАЦИНИ ЗА ТУТУН БЕЗ МУВЛА И ИНСЕКТИ

Kamenite magazini na Tutunski isti i denes i pred 80 godini

Камените магацини, каде и сега вработените на Тутунскиот комбинат  складираат стокмен тутун од највисок квалитет за странство не се разликуваат денес и пред 150 години. Во повеќегодишната историја на Комбинатот, тие биле темелот каде се собирал, се складирал и се ферментирал откупениот род. Мајсторите, кои ги граделе знаеле марифет на ѕидање објекти од ваков вид за да “зрее” тутунот природно, а да не мувлосува. Дали мајсторилакот бил во каменот или во експозицијата на објектите, или пак во бројот и големината на прозорците, никој не знае да каже. Се знае дека во камените магацини се оставал тутунот, без многу мака да стои, без да се расипе. Не се користела хемија за заштита од разноразните инсекти кои го напаѓаат сувиот тутун. Магацините се конструирани за “здраво” одржување на тутунот, небаре со клима уреди.

Loading