АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Усмено се фали, а писмено се жали.

x

Чинат гадости, а сакаат да уживаат во радости.

x

Во трката за профит по секоја цена, на целта тешко некој дека ќе стигне.

x

Лошо е ако не си свесен дека ти си носител на главната улога во твојот живот.

x

Кога секој настапува од свој агол сите ќе останат в ќош.

x

Се мразат оние со исти мани.

x

Има ли политичко – правни дивоградби?!

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading