ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ БЕЛЕЖИ ДОБИВКА

Во првите шест месеци

TKТутунскиот комбинат го продолжува трендот на успешно работење и чекори стабилно во реализација на развојните проекти. Според податоците од Македонската берза, Комбинтот во првото полугодие прокнижи добивка од 77 илјади евра. Споредено со лани, ефектите се грандиозни, бидејќи во истиот период лани биле евидентирани загуби од над милион евра. Нагорниот од се очекува да се одржи и до крајот на годинава, иако не се поволни економските тенденции во земјава.

Подемот на компанијата и остварувањето на профитот се должат на растот на финансиските приходи од 500 илјади денари лани, на 23,7 милиони денари во првото шестмесечје годинава. Кога на ова ќе се додаде и падот на финансиските расходи за 27 отсто, тогаш се добива сликата дека Комбинатот, наместо кај загубарите, веќе се најдува на списокот на профитабилните компании. Падот на финансиските расходи е плод на намалувањето на трошоците за камати од работењето со неповрзани друштва и расходите за курсни разлики.

За респект е што ,,дуваат позитивни ветришта,, во време на пандемија, при пад на приходите од продажбата за 10 отсто, особено на домашниот пазар и зголемување на расходите за 7,5 отсто, главно за суровини и материјали.

Без разлика на економската осека во земјава, Комбинатот сепак успешно плови во немирните бизнис води, очекувајќи ефикасно да се справи со претстојните предизвици и реализирајќи ги планираните проекти.

Loading