ПРИЛЕП ГО ПРЕТСТАВУВААТ 12-МИНА

Прва лига

Градов втора сезона нема клуб прволигаш, но има прилепчани кои настапуваат за прволигашки клубови. Според изминатите четири есенски кола, најмногу, тројца, се во соседниот Пелистер: голманот Давор Талески, Благоја Спиркоски и Дарко Илиески. Екипата е на 7-то место. Во Вардар досега настапија двајца: Стефан Наумчески и Анаталиј Петејчук. За овој клуб е регистриран и голманот Александар Игески, кој се очекува да брани во наредните кола, а со тоа да му помогне на тимот кој е на 9-то место. По двајца наши сограѓани има во Академија Пандев и во Силекс. За струмичкиот, 11-топласиран тим, играат Марјан Радески и Бојан Димоски, а за кратовскиот – Даниел Карчески и Бојан Спиркоски, заслужни за водечкото место на табелата. Екипата одигра еден меч во квалификациите од Лигата на европските шампиони.

По еден прилепчанец има во 5-тиот Работнички – Николче Шаркоски и во 12-тата Беласица – Игор Паноски.

Loading