КВАЛИТЕТИ СЕ ЖЕЛБАТА И ДИСЦИПЛИНАТА

Фудбал: Победа е прва на второлигашката табела

Pettiot gol za Pobeda

Заборавивме кога последен пат Победа ја имаме видено прва на табелата. Токму тоа водечко место и припаѓа по првите две кола од актуелното првенство во Втората лига – Исток. По триумфот дома со 4:1 над пехчевско Кит-Го, преку Јошески, .Ф. Димоски, Димитријески и Анѓелески, следеа убедливи 3:0, пак дома, над Росоман, со два гола на Ф. Димоски и еден на Х. Митрески. Противниците не се имиња што би им дале поголемо значење на победите. Затоа, во овој ранг Победа се натпреварува и самата со себе, со мерење на својата игра. 

-Рано е. Не сакам да им го скратам задоволството на играчите. Заслужуваат пофалба за максимално одработеното. Покажаа доста високо ниво, голема желба и дисциплина. Годи што сме први. Но, доаѓаат и гостувања, што не е баш исто како дома. Наше е натаму да собираме што повеќе бодови оваа есен, а за напролет – здравје – вели тренерот Дарко Крстески.

Кога екипата убедливо победува, тешко е да се зборува за слабости. Секако дека има мани во играта, покрај убедливата гол-разлика од 7:1. На првиот меч на гостинот му се дозволија неколку стонастотни шанси, во кои се истакна голманот Котевски. Неколку контри не беа искористени, иако имаше многу простор за пробив.

-Има доста за поправка. Екипата е претежно млада. Техничкиот дел не е проблем, но има недостатоци во спроведување на тактичкиот дел. Некои варијанти за младите се новитети. Треба да поправаме и да се навикнуваме, тие на мене, јас на нив – подвлекува Крстески.

Викендов нема ни пријателски меч, а на 12 септември е гостувањето на Саса во Каменица.

Табела: Победа и Брегалница 6, Кожуф и Тиквеш 4, Слога и Росоман 3, Осогово и Пехчево 1, Саса и Плачковица 0.

Loading