Во полн ек е годинашното издание на ликовната колонија Дрен 2020, што ја организира ЦК ,,Марко Цепенков,,.
Заради корона вирусот уметниците – учесници творат во сопствените ателјеа. Практично, на физичка дистанца се одвива 12-татауметничка средба за сликарски креации. Творат уметниците Беди Ибрахим, Мирко Вујисиќ, Драган Најденовски, Тони Чатлески, Микица Трујкановиќ, Марија Стојаноска Петковски, Владимир Темков, Мирјана Крстева Масети, Марјан Стојаноски, Жани Гелевска, Ангел Коруновски, Александра Димитрова, Тамара Танкоска.
Насликаните дела ќе се претстават на изложба во ликовната галерија.