МАЛО СТРЕЛИШТЕ – ГОЛЕМИ АМБИЦИИ

Стрелаштво

Strelcite na Strelec 09

Во повеќе спортови, па и во стрелаштвото, стануваат отпорни на коронавирусот. Активни се во Стрелец 09, клуб кој тренира во нестандардни услови, во импровизирано стрелиште, еден метар помало од прописите. Има недостиг од финансиски и материјални средства, но желбата е посилна од проблемите.

-Условите се многу тешки, но опстојуваме. Од ништо правиме нешто. И во вакви околности имаме задоволитени резултати, а камо ли да сме во подобри услови. Да имаме стрелиште, опрема, оружје, би имале кандидат за Олимпијада – вели Славчо Трајкоски, тренер.

На Државното првенство во Скопје со полуавтоматска и војничка пушка достојно се претставија Трајко Најчески, Драган Тренески, Зоран Рулески и Миле Кремчески. На Државното јуниорско со воздушен пиштол – Меѓународна програма во Охрид блеснаа Марија Тодеска (прва со 341 круг) и Деспина Башеска (трета со 286). За кусо време тие ги научиле тајните на овој спорт и станаа медалоносители.

-Ланската есен пристапија во клубот за учење на основите. Бргу напреднаа. Со пандемијата продолжија со индивидуално. Тоа се ,,суви,, домашни тренинзи, без пукање, само со вежбање на став, нишанење. Потоа добивме протокол од Федерацијата и за кус период од 10 дена се подготвија за првенството – рече Трајкоски.

Клубот со нетрпение го чека следниот натпревар, кој поради вирусот, не се знае кога ќе се случи.

Loading