На 27, 28 и 29 август
Во организација на Здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ на 27, 28 и 29 август на летната сцена од ЦК ,,Марко Цепенков,, ќе се одржи деветтото издание на фестивалот Прилеп Џез викенд. Пограмата е креирана со ангажман на врвни музички бендови и артисти од Македонија.
Фестивалот почнува со премиерата на филмот Џезмен – формата како збор од Велибор Педевски, снимен во Њу Јорк, Скопје, Белград и Софија. Ќе настапат групи и поедници кои негуваат џез музика од земјава, меѓу кои и од Прилеп.
Во програмата е и промоција на книгата Press & Play од Ненад Георгиевски.