АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Со закрвени очи не можете да ја препознаете сегашноста, а уште помалку иднината.

x

Камелеоните да се упатат во каменоломи.

x

Колку сме подалеку од природата, толку сме поблизу до бездната.

x

Почнавме со образование он-лине. Ќе стигнеме и до живот на истиот начин?

x

Чувајте се од оние кои се колнат во вас. Тие први ќе ве изиграат.

x

Биди лош кога сакаат да те пикнат в ќош.

x

Кога работеше му земаа со кутлача. Сега во пензија му даваат со лажиченце.

(Д- р Хаџи-Васков)

Loading