Орале дедотоТрајко Џандар и внучко му Танас во Дуње на една нива крај патот што оди од старо Мариово за Прилеп.
Бил пазарен ден. Оздола почнале да идат пазарџии многу, небаре голем карван да беше.
-Добро утро, чичо! Аирлија нека ти биди работатат! – почнал првиот од пазарџиите.
-Дал ти Бог добро, синко! Аир да видиш! – рекол орачот, дедоТрајко.
И сите пазарџии тако со ред. Еден по еден, заминајќи поздравувале:
,,Добро утро, чичо! Аирлија да ти е работата,,!
Заминале шес-седум мина еден зад друг. Дедото му викал на секој пазарџија:
-Дал ти Бог добро, синко! Аир да видиш!
Заминале уште десетина мина и му викале на дедото:
-Дај Бог добро, дај Бог добро!…
А дедото:
-Да е со добро, дае со добро!.
Кога не можел веќе да встаса, дедо подвикнал:
-Доста, бре, пазарџии! Ми се здрви јазикот од викање – ,,Дај Бог добро,,!