ИСКИНАТИ ЗНАМИЊА ПРЕД ВОЕНАТА ФАБРИКА

118066811 10219132110639890 1120032806292725714 o

Искинати знамиња на двата јарбола пред државната воена фабрика Еурокомпозит забележал и ги фотографирал еден наш сограќанин. На својт ФБ профил тој напиша – ,,Две искинати знамиња. Едното подигнато, другото на половина копје. Како симбол: некогаш и сега,,.

Фабриката во државна сопственост не работи повеќе од една година, оти нема струја. И кога беше во електро контакт, не работеше, бидејќи државата не обезбеди работен ангажман и не ги активира погоните за потребите на армијата и полицијата.

Останатите седумдесетина работници се откажаа и од протестите. Кренаа раце за неземените неколкугодишни плати и неплатени придонеси, Државата како газда и нивни работодавач ги заборави и ги остави во беда.

Loading