За Денот на народното востание, 11 Октомври, гости на Прилеп и на Советот ќе бидат претставниците на општината Јелса од Хрватска. Општината на островот Хвар и Прилеп планираат продлабочување на соработката, откако градоначалникот Илија Јованоски присуствуваше на седницата на општинскиот Совет која се одржала на живописниот плоштад Свети Иван.
Гостин бил и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.
Посетата на прилепскиот татко на градот на Хвар била на покана на Никша Пероња, градоначалник на Јелса.