Не очекувај ништо добро од оној кој вчерашната работа ја префрла за утре.
х
Крадец на крадец му гледа низ прсти.
х
Кој бавно мисли – брз е на јазик.
х
Не е јасно кои побрзо се размножуваат: комарците или комарџиите?!
х
Човекот е единственото суштество во природата кое умее да си ја исече гранката на која седи.
х
Не верувај во се’ што ќе чуеш! Верувај во она што ќе го кажеш!
х
Без патеките од минатото нема одење во иднината.
“Д-р Хаџи-Васков”