ЗА БОЖЈИОТ ДОМ „ЗАСОЛЗИ“ КАРПАТА

Манастир Света Петка кај селото Лениште

18716014

Кај селото Лениште, на шест-седум километри од Прилеп, народот го издигна грандиозниот божји храм Света Петка. Храмот е граден 12 години и е фрескоживописан. Посветен е на десетте паднати прилепчани од војната во 2001 година, кои загинати на празникот Света Петка на 8 август. 

Починатата баба Даница Стојаноска од Лениште, велеше декабила избрана од Света Петка да го гради Манастирот со народот. Првин било кренато црквиче во 1986 година. За новиот храм í кажале каде и колкав да биде, кој да помага… Даница, луѓето од Одборот, МПЦ, верниците и нашите од дијаспората, помагајќи се трудеа, вдахнаа духовност во божјото здание. Со упорност и добра волја, на црквата í е даден ,,живот,,.

Старата Стојаноска сонила тажна висока жена која í рекла да собира  денар по денар од народот и да направи црквиче. Новиот  манастир í рекла да биде 18 м. долг, 9 м. широк. На сонот í порачале да мери со чекори од старото црквиче. Дури í се претскажал бројот на ќерамидите, да бил 240.

20706684 10212007729260028 1881364817 n

Брат í не ја послушал и ја покрил со табли. Времето го открило покривот. После никогаш братот не í преправал. Бабата сонила кој да го копа прв темелот, кој да земе и да плати за 6 летви, кој да малтари внатре…

На младоста Даница Стојаноска била болна. Сонувала гласови кои барале од неа да оздрави и да гради црква. Ниту жива, ниту умрена, сонувала дека била роб на Света Петка. За чаре, илач барала по доктори и по бајачи. Светицата í велела дека таа ќе исцелува, а не да бара лек. Ориентирајќи се по соништата, ја нашла петочната вода. Копнала со мајка í меѓу двете карпи и “засолзила” карпата. Водата течела еден чекор од карпата и се губела. Не била брза, ама не пресушувала. Тоа е петочната вода.

На  второто заболување невидлива сила ја туркала. На сон í дошла убавата, Света Петка, облечена во црно. И заповедала да гради манастир.

Конаците се градени по сонот на Даница. Има четири соби со кревети, кујна со ѕидано шпоре и трпезарија. Многу посетители доаѓаат за славата, летната Света Петка и на Петковден 27.10 и Иванден на 7.7.

Кај старата црква некој човек видел арно од лековитата Петочна вода. Ја изѕидал со црвени цигли да привлекува, оти по него водата лекува ако се пие во посни денови. Тука е и Неделската и Средочната вода. Чешмите често се посетени од луѓе кои бараат лек за некоја болест, кои ги бараат за здравје. Парализиран човек се измил со Петочната вода и оздравел.

20731093 10212007729540035 1826345269 n

Патот е направен, по погибијата на бранителите кај Карпалак. Манастирот има два резервоара за вода. Околу нема многу дрвца, но на Ленишката планина свој дом нашле багремови, јасенови дрвца, борчиња и по некој орев. Планинската рекичка со мал водотек дава живот.

Продолжува фрескоживописувањето

За направеното помагал народот. Многу пари се давани божјиот храм да го добие сегашниот лик. Само во покривот се дадени околу 40 илјади евра.  И за фрескоживописување толку народни пари. Верници донираат за фрески… Дел од иконите се осветени. Во олтарот е насликан ликот на Пресвета Богородица. Мајсторот е еден и нема шаренило.

Три Света Петки

Православната црква празнува три Свети Петки во годината.  нА 8 август е Света преподобна  маченица Параскева Римска, на 27.10 – Преподобна Параскева – Петковден и на 10.11 – Света Маченица Параскева – Петка Икониска.

Света Петка е една од многуте маченички која живеела пустински, монашки и испоснички живот, посветен на Христа.

 

Loading