Со едноставен трикови се препознава како да се разликува лажен кашкавал од природен. Од незнаење често се зема кашкавал спакуван во фолија. Меѓутоа, тоа не е кашкавал, туку некој вид на тврдо сирење кое не е направено од млеко.
Кашкавалот е посебен вид тврдо сирење. Се добива од овчо, кравјо млеко или мешавина од двете. Може да се добие и од козјо млеко, чисто или мешано со кравјо. Млечната индустрија знае и да ,,подметне,,. За еден килограм кашкавал, потребни се околу 5 литри млеко. Производството подлежи на проверка и да мине разни тестови за да дојде до потрошувачите.
Да се открие фалс кашкавалот треба да се допре и добро да се погледни. Палминото масло му дава силно жолта боја, а бојата на млечниот не е толку интензивна. Кашкавалот со палмино масло секогаш е помек на допир од оној природниот. Тестирањето се спроведува со ладен нож. Кашкавалот на собна температура се сече со нож чуван во фрижидер. Ако на ножот се задржи маснотија, кашкавалот е фалс, бидејќи за разлика од млечната, билната маст се топи на собна температура. Најсигурната проверка е загревање на кашкавалот во рерна. Млечниот се топи по површината и станува растеглив. Фалсот ќе се стопи и ќе исчезне.
Вкусен кашкавал без конзерванси чуван во фрижидер трае 3-4 дена. На адаприраниот се додаваат јајца за убава боја и масленост. Потребни се 2 литри млеко 2,8 % масленост, 6 јајца, 400 мл. кисела павлака, 1 зелена лута пиперка, 1-2 листови од млад кромид и 2 лажички сол. Млекото се става во тенџере на оган. Во посебен сад се матат 6 јајца, 400 мл. кисела павлака. Смесата се додава во зовриеното млеко. Убаво се вари со постојано мешање додека сирењето почне да се одвојува од сурутката (околу 5 мин.). Потоа се трга од огнот и тура во цедалка со газа. Таму ќе остане сирењето, а сурутката ќе се исцеди во садот. Се додаваат 1 зелена лута пиперка на ситни тркалца, перца од млад кромид ситно сечкани и 2 лажички сол. Се меша и заедно со газата се става во пластичен сад со дупнато дно за да продолжи цедењето. Одозгора се притиска со тежок предмет. Сирењето се остава да стои околу 2 часа да излезе целата течност. Потоа се трга газата и се остава во фрижидер, уште повеќе да се стегне и добро да излади.