КУЗЕВЦИ, ОЏАТА И ПОПОТ

Во анот во Прилеп стигнале Кузевци на пазар, а од Канатларци стигнал Оџата кој сакал да побара измеќар. Вечерта Оџата си ја кажал маката, зошто е дојден. Кузевци се договориле како да го измамат и да му земат некој грош.

-Оџа, брат ми го носам само за главување. Ако е ксмет, ќе се погодиме – рекол Стојче, едниот од браќата на Кузевци.

Седнале на една маса и со пијачка разговарале да се договарат. Оџата да фрли како капар 4 жолтици, но тргнувањето утре да биде покасно од Прилеп, бидејќи треба да се направи арч за дома и така станало.

Кај Лагово се разделиле. Митре тргнал пеш по Оџата, а Стојче со мулињата тргнал за Мариово. Малку потаму, на Митре како да му се одело понадвор. Ги турнал гаќите до патот. Оџата забележал и продолжил. Тоа го искористил Митре и тргнал нагоре по едно долче да го стигне брат си. И така станало.

Стигнале во Чаниште. Таму се славело слава кај најпознат во Чаниште, попот Трпе. Пиеле јаделе и дошло време за легнување. Невестите легнале сите на една страна. На другата страна мажите. Митре отишол да спие во плевната. Ноќта се префрлил кај жените. Утрото попот станал прв и кога го забележал кај жените.

-Што бре ти тука. Која мајка те дотера – му свикал попот налутено.

Митре без да размислува многу одговарил.

-Дојдоа арамии во плевната. Ми ги зедоа сите пари, а јас избегав од страв. Не знам кај легнав, важно легнав – рекол Митре.

Додека Стојче ги спремал мулињата, украл од попот малку сланина и некоја срча со ракија. Продолжиле за Чабренските воденици. БидејќИ огладнеле, решиле тука да се нагостат со сланината. Воденичарот им дал пченкино брашно бакаданик. Добро го натучиле со маста од свинското седнале со ракијата. Воденичарот му раскажал на попот што му дигнале Кузевци. Попот за да му се одмази на Кузевци отишол нагости во Старавина. Домаќините и попот се испијаниле многу. Кузевци му ставиле свинска маст на лицето и на рацете на попот и мртов пијан го ставиле надвор на гумното да спие. По маста се собрале кучиња и мачиња. Го лижеле и утрото кога попот станал, очите не му се гледале. Целиот бил потечен. Така срамен заминал за Чаниште.

Loading