СОБИР ПО ПРАЗНИКОТ

Деспина

Поради короната, екипата Деспина нема одиграно меч околу четири ипол месеци. Последиот беше на 11 март со Овче Поле во Свети Николе со победата 35-24. Оттогаш се прават само индивидуални тренинзи. Според најавата на тренерот Страшо Илиески, колективните тренинзи ќе почнат по празникот Илинден.

 Не се очекуваат промени кај играчкиот кадар. Засилувања не се планирани. Добро е да се задржат досегашните првотимки. Добра вест е што нема заминато ниедна ракометарка, а нема ниту најава. Со истиот состав, наесен се очекува пласман како и пролетоска – околу  6 место меѓу 13 екипи.

Женската лига ќе стартува на 19 септември.

Loading