СЕ УШТЕ НЕ Е ДОЦНА ЗА ЗАСИЛУВАЊА ВО ПОБЕДА

Фудбал

Pobeda

За неодигрување на првиот пријателски меч на Победа причини биле тестовите и судиите, што во меѓувреме се надминати. Така, завчера во Гевгелија, Кожуф – Победа (3:1). За натаму очекувани се дуели со Росоман на гости, со Слога Виница дома и одложениот во Црнобуки. Се преговара уште со еден ривал за генералната проба на 16 август. Меѓу 25 играчи, како ретко кога, нема ниеден отстрана.

-Работиме со 22 играчи и тројца голмани. Не е доцна нешто да донесеме, но тоа е само желба. Дали ќе се оствари, зависи од финансиите – кусо ни рече Дарко Крстески, тренерот.

Првенството почнува на 22 август, а Втората лига – Исток ја сочинуваат: Брегалница Штип, Тиквеш, Кит-Го, Кожуф, Саса, Плачковица, Победа, Осогово, Росоман и Слога Виница. Од претходното првенство ја нема Беласица – нов прволигаш, како и откажаниот Питу Гули – нов третолигаш.

Loading